Ekip
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
ВАРШАВА (AA) - Премиерката на Полска Беата Жидло е во стабилна состојба и може да продолжи со своите должности, со оглед дека немаше сериозни последици, откако нејзината лимузина учествуваше во сообраќајна несреќа, изјави денеска гласноговорникот на полската Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот Рафал Боченак изјави дека премиерката е на медицински прегледи и дека одредено време ќе помине во владина болница во Варшава, каде е сместена на сопствено барање. Тој не можеше да потврди дали Жидло ќе присуствува на седницата на владата во вторник.
Доктор Андреј Јакубовски кој прв ја прегледа премиерката по несреќата во петок вечерта, рече дека претрпела мали повреди.
Несреќата се случила пред 19 часот во петок на југот на Освиенчим, родниот град на премиерката. Нејзиниот автомобил се наоѓаше во колона кога на него налета друг автомобил поради што лимузината на премиерката удри во дрво.
Двајцата членови на обезбедувањето на Жидло и шоферот исто така се хоспитализирани.