Повредени 5 лица кога патнички воз удри во шлепер на железнички премин во Холандија
- Шлепер натоварен со овошје заглави среде железнички премин во холандскиот град Гелдерланд во момент кога пристигнувал брз патнички воз.
ГЕЛДЕРЛАНД (АА) - Патнички воз удри во шлепер на железнички премин во холандскиот град Гелдерланд. Во сообраќајната несреќа се повредени 5 лица, известува Анадолу.
Шлепер натоварен со овошје заглави среде железнички премин во холандскиот град Гелдерланд во момент кога пристигнувал брз патнички воз.
Возачот се обиде да маневрира со шлеперот, но не успеал навремено да го отстрани возилото од железничкиот премин, по што брзиот патнички воз со сета брзина удрил во шлеперот.
Во несреќата се повредени пет лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
