Rabia İclal Turan
04 Јуни 2026•Ажурирано: 04 Јуни 2026
Американски војник го загуби животот во инцидент што се случил за време на воена обука во воздухопловна база во северен Ирак, соопшти вчера Пентагон, јавува Анадолу.
Официјално е потврден идентитетот на војникот – станува збор за 26-годишниот наредник Девин А. Сајбел од Робинсон, Тексас.
Според официјалното соопштение, Сајбел починал на 31 мај во воздухопловната база во Ербил. Тој бил дел од американската мисија „Непоколеблива одлучност“ која ги предводи меѓународните сили во борбата против терористичката група ДЕАШ.
Од Пентагон соопштија дека истрагата за околностите под кои се случила несреќата е во тек.
Засега не се објавени дополнителни детали за инцидентот.