Ekip
28 Март 2025•Ажурирај: 29 Март 2025
Голем број Палестинци се собраа денес во џамијата „Билал бин Рабах“ во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, за да ја извршат последната петочна молитва во светиот месец Рамазан, јавува Анадолу.
Џамијата, која беше тешко оштетена за време на израелските напади, останува сведоштво за разурнувањата во регионот.
Верниците, и покрај урнатините, дојдоа да ја извршат својата молитва во овој значаен период за муслиманите низ светот.
Појасот Газа со месеци е под израелски напади, кои предизвикаа масовни разурнувања и жртви меѓу цивилното население.
Над 50.200 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 114.000 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.