Alma Çekovic
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американската популарна водителка, актерка и продуцентка Опра Винфри, која голем број јавни личности и фанови ја повикаа да се кандидира за претседател на САД, изјави дека за таа функција не поседува ДНК, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Секогаш се чувствував сигурно и самоуверено поради тоа што знам што можам, а што не можам да работам. Така што, тоа е нешто што не ме интересира. Не поседувам ДНК за тоа“, изјави Винфри во интервју за магазинот „InStyle“, пренесува Би-би-си.
Винфри и претходно зборуваше дека не ја интересира кандидатурата за претседателка, односно во минатогодишното интервју за CBS, кога на прашањето за изборите во 2020 година, изјави дека за неа нема да има никаква кандидатура.
Многу луѓе ја видоа водителката како идна кандидатка на Демократите за наредните избори во 2020 година, особено по нејзиниот инспиративен говор на доделувањето на „Златен глобус“ во текот на месецов, кога ги пофали жените што ги споделија своите приказни за сексуално злоупотребување и им порача дека 'Нов ден ќе осамне', по што следуваа голем број овации.