Melike Pala
12 Октомври 2026•Ажурирано: 12 Октомври 2026
Норвешкиот орган за заштита на податоци ѝ изрече парична казна од 92 милиони норвешки круни (9,6 милиони долари) на компанијата за рекламна технологија „Зандер“, која е во сопственост на „Мајкрософт“, поради незаконско споделување чувствителни лични податоци, соопштено е денес, пренесува Анадолу.
Според јавниот сервис НРК, ова е највисоката казна некогаш изречена од норвешкиот орган за заштита на податоци.
Компанијата наводно споделувала лични податоци со потенцијално илјадници други компании преку аукции за рекламирање во реално време, кои се користат за прикажување таргетирани реклами.
„Илјадници корисници во Норвешка биле изложени на незаконско споделување чувствителни информации“, изјави Лине Кол, директорка на норвешкиот Орган за заштита на податоци.
Кол ги опиша прекршоците како „многу сериозни“, додавајќи дека нивната сериозност ја оправдува високата парична казна.
Во изјава пренесена од НРК, портпаролот на „Мајкрософт“ истакна дека заштитата на приватноста на корисниците е главен приоритет за компанијата.
Портпаролот напомена дека истрагата и одлуката се однесуваат на активности од периодот пред „мајкрософт“ да ја преземе „Зандер“, додавајќи дека регулаторните толкувања и практики оттогаш се променети.
Од компанијата соопштија дека ја разгледуваат одлуката и ги анализираат своите опции.