Enes Canlı,Turgut Alp Boyraz
28 Јануари 2023•Ажурирај: 29 Јануари 2023
АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Најмалку 7 лица загинаа во вооружен напад на еврејската населба во подрачјето на окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим), известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека напаѓачот дошол во синагогата на плоштадот на еврејската населба Неве Јаков во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим) и пукал во насобраните луѓе.
Во соопштението се вели дека полицијата интервенирала и го неутрализирала напаѓачот кој се обидел да избега со автомобил.
Израелската служба за итна помош „Давидова ѕвезда“ објави дека во нападот загинале најмалку 7 лица, а уште 3 се ранети.
Тензиите на Блискиот Исток се зголемија по израелскиот напад во кој животот го загубија 9 Палестинци во бегалскиот камп во Џенин. Истиот ден во Источен Кудс убиен е и 22-годишен Палестинец.
Во нападите на израелските сили од почетокот на оваа година досега врз окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс, животот го загубија најмалку 30 Палестинци, меѓу кои имаше и жени и деца.