Nur Asena Ertürk
21 Октомври 2024•Ажурирај: 22 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Севернокорејските трупи кои би ѝ се придружиле на Русија во Украина „би означиле значителна ескалација“, истакна денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пренесува Анадолу.
Руте преку платформата X објави дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол за партнерството НАТО-Сеул, „соработката во одбранбената индустрија и меѓусебно поврзаната безбедност на Евроатлантикот и Индопацификот“.
„Испраќањето војници на Северна Кореја да се борат заедно со Русија во Украина ќе означи значителна ескалација“, додаде Руте.
Јужна Кореја во петокот тврдеше дека Северна Кореја во периодот од 8 до 13 октомври испратила 1.500 војници во Русија со бродови на морнарицата, за да ја поддржи тековната војна на Москва против Украина.
Пјонгјанг планира да испрати околу 10.000 војници во Русија, соопшти Националната разузнавачка служба, јави новинската агенција Јонхап.
Во четвртокот, украинскиот претседател Владимир Зеленски, исто така, рече дека Русија се подготвува да распореди 10.000 севернокорејски војници за борба против Киев.