Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Набавувач на зелена салата идентификуван како можен извор на паразитна епидемија во рестораните на „Тако Бел“ во САД

- „Утврдивме висок процент на заболени меѓу гостите на ’Тако Бел’, а истрагата за заедничките ставки од менито често ја издвојуваше зелената салата како фактор“
Darren Lyn
17 Јули 2026•Ажурирано: 17 Јули 2026
Content media
ВАШИНГТОН

Набавувачот на зелена салата „Тејлор фармс“ е посочен како можен извор на паразитната епидемија што зафати илјадници клиенти на „Тако Бел“ низ САД, објави „Вашингтон пост“, пренесува Анадолу.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја поврзаа компанијата „Тејлор фармс“ со сечкана зелена салата испорачана во рестораните на „Тако Бел“, главно во синџирот ресторани за брза храна во југоисточниот дел на сојузната држава Мичиген, што доведе до заболување на повеќе од 4.300 клиенти по консумирањето на храната, пренесува „Вашингтон пост“.

Поради епидемијата на циклоспоријаза до вчера се хоспитализирани најмалку 100 од заболените потрошувачи.

Мичиген пријави голем број случаи на паразитни заболувања кај потрошувачите, а Кентаки, Охајо и Западна Вирџинија, исто така, пријавија случаи на лица што се разболеле по јадење во рестораните на „Тако Бел“ во тие држави.

Иако тоа се главни сојузни држави што пријавуваат паразитски заболувања, потенцијални случаи се поврзани со синџирот на „Тако Бел“ во најмалку 34 сојузни држави, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, фактот дека ЦДЦ идентификуваше веројатна поврзаност меѓу случаите на циклоспоријаза во тие четири држави, претставува „најјасен јавен показател досега дека многу од заболувањата се поврзани со заеднички извор“.

Висок официјален претставник од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) претходно оваа недела изјави дека нивната истрага вклучува повеќе земјоделски производи, не само зелена салата.

„Утврдивме висок процент на заболени меѓу гостите на ’Тако Бел’, а истрагата за заедничките ставки од менито често ја издвојуваше зелената салата како фактор“, соопшти претставник на ФДА.

Во одговор на прашањето на ФДА за набавувачот на зелена салата, „Тако Бел“ посочи дека соработуваат со „Тејлор фармс“, компанија што ги снабдува нивните ресторани во повеќе сојузни држави.

ЦДЦ, ФДА, „Тејлор фармс“ и „Тако Бел“ не одговорија на барањата на „Вашингтон пост“ за коментар во врска со епидемијата.

Но претходно оваа недела компанијата „Тако Бел“ соопшти дека ќе продолжи да ги следи ситуацијата и насоките на здравствените власти.

„Здравјето и безбедноста на нашите гости се наш највисок приоритет“, соопштија од компанијата, додавајќи дека рестораните на „Тако Бел“ „доброволно и привремено отстраниле ограничени состојки во избрани ресторани како мерка на претпазливост“.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Претходно
Силно невреме ја зафати Франција, предизвикувајќи штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија

Силно невреме ја зафати Франција, предизвикувајќи штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Муцунски од Вашингтон: Заканата од политичкиот тероризам има сериозна димензија и за Западен Балкан

Набавувач на зелена салата идентификуван како можен извор на паразитна епидемија во рестораните на „Тако Бел“ во САД

Силно невреме ја зафати Франција, предизвикувајќи штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија

Иранската ИРГК соопшти дека извршила одмазднички напад врз американската база во Кувајт

Автомеханичари формираа музичка група и ја претвораат работилницата во концертна сала

Трамп ја обвини Кина за незаконско преземање податоци на 220 милиони американски гласачи

САД извршија напади врз пет моста и повеќе градови во Јужен Иран

Погледни сè