Berk Kutay Gökmen
30 Јуни 2026•Ажурирано: 30 Јуни 2026
Министерот за надворешни работи на Венецуела изрази благодарност за поддршката од Турција, која испрати екипи за пребарување и спасување откако два силни земјотреса ја потресоа оваа јужноамериканска држава, јавува Анадолу.
„Би сакале да им се заблагодариме на турската Влада, на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и на сите екипи распоредени во Венецуела што не се двоумеа да ја дадат својата поддршка во екот на ваква голема криза“, изјави за Анадолу Ивaн Гил, откако заедно со министерот за одбрана на земјата, Густаво Гонзалез Лопез, го посети турскиот тим за пребарување и спасување кој работи во Ла Гваира, епицентарот на катастрофалниот земјотрес.
„Присуството на турската делегација, на тимовите за пребарување и спасување, како и опремата што ја донесоа е од огромно значење. Лично разговарав со министерот за надворешни работи, Хакан Фидан, за да ги координираме овие напори за помош; навистина сме благодарни за сета поддршка што ни е дадена“, додаде тој.
Посочувајќи дека слушнал оти дополнителна помош е на пат од Турција, тој изјави: „Добивме вести за нова помош и ја очекуваме поддршката. Солидарноста на нашиот турски братски народ ја чувствуваме секој момент. Ваквите моменти уште еднаш потврдуваат дека две земји кои се разбираат меѓусебно се братски земји.“