Dildar Baykan
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
СИУДАД ВИКТОРИЈА (AA) - Во конфликтот што се случи во затвор во мексиканската држава Тамаулипас загинаа деветмина затвореници, а 11 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судирот што избувна меѓу две групи во затвор во мексиканскиот град Рејноса, во близина на границата со Соединетите Американски Држави (САД), беа користени остри предмети, стапови и камења.
Констатирано е дека расправијата се случила за време на посетата, при што стражарите отвориле оган со цел да се стави ситуацијата под контрола.
Во државата Тамаулипас дејствувуваат наркокартелите Зета и Гулф, кои се обидуваат да остварат превласт, поради што честопати доаѓа до судири.