Dmitri Chirciu
13 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на средбата со неговиот кинески колега, Чин Ганг, во градот Самарканд, Узбекистан, разговараше за состојбата во Украина, пренесува Анадолу.
Во писменото соопштение од руското МНР се вели дека Лавров се сретнал со Чин во градот Самарканд, во Узбекистан, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од соседството на Авганистан (Узбекистан, Иран, Кина, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан и Русија).
Во разговорот се осврнале на процесот за имплементација на договорите што претседателот на Русија, Владимир Путин, ги постигна минатиот месец во Москва со претседателот на Кина, Ши Џинпинг, како и на ситуацијата во Авганистан, Централна Азија и Украина.
Исто така, во разговорот било истакнато дека „Русија и Кина покажуваат исти или слични ставови по повеќе прашања, сметајќи дека е неприфатливо други земји да се мешаат во нивните внатрешни работи, да наметнуваат еднострани пристапи преку уцени и закани и иницијативи против демократизацијата на меѓународните односи.“