Nilay Kar
20 Февруари 2019•Ажурирај: 20 Февруари 2019
КРАН-МОНТАНА (AA) – Најмалку четири лица се повредени во лавина што се случи на популарното алпско скијалиште Кран-Монтана во Швајцарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските официјални претставници на кантонот Валаис соопштија дека лавината се случила вчера во попладневните часови во зимското место Плаин-Морт
Шефот на полицијата, Кристијан Варон, изјави дека од под снегот се извлечени четири повредени лица и дека меѓу нив е едно кое е во животна опасност.
Тој изјави дека очевидците тврдат оти лавината затрупала повеќе лица по кои спасувачките екипи и понатаму трагаат.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку десет лица исчезнале под лавините, а во спасувачката акција учествуваат и хеликоптерски екипи, кучиња трагачи и најмалку 240 спасувачи.
Лавината започнала поради пораст на температурите на воздухот и топење на снегот.