Ikrame Imane Kouachi
16 Декември 2023•Ажурирај: 16 Декември 2023
КУВАЈТ (АА) - Кувајтскиот емир, шеикот Ахмед Наваф ал-Ахмад ал Џабер ал-Сабах почина денес во 86 година од животот, известува Андолу.
Веста за смртта на емирот со соопштение ја потврди неговата канцеларија.
Ресорниот министер во Владата на Кувајт, Мохамед Абдулах ал Мубарак ал Сабах соопшти дека Ал Сабах ова утро е примен во болница поради здравствени проблеми, објави државната новинска агенција КУНА.
Кувајтскиот емир и минатиот месец беше хоспитализиран поради здравствени проблеми, но неговата состојба тогаш била стабилна.