свет

Кремљ: Се прават подготовки за посетата на Ердоган на Русија

- „Ова ќе биде најсеопфатната агенда од почетокот на билатералните односи. Овие односи се повеќеслојни и претседателите на државите секогаш имаат за што да зборуваат во овој контекст“, рече портпаролот на Кремљ, Песков.

Ali Cura  | 20.09.2021 - Обновена : 21.09.2021
Кремљ: Се прават подготовки за посетата на Ердоган на Русија

МОСКВА 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека се прават подготовките за посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Песков даде изјави за медиумите во врска со планираната посета на Ердоган на Русија.

Наведувајќи дека се прават подготовки за работната посета на Ердоган на Русија, Песков рече: „Ова ќе биде најсеопфатната агенда од почетокот на билатералните односи. Овие односи се повеќеслојни и претседателите на државите секогаш имаат за што да зборуваат во овој контекст.“

Песков исто така рече дека за време на состанокот двајцата лидери ќе разговараат и за Сирија и за други регионални прашања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.