Saadet Gökce
24 Јуни 2026•Ажурирано: 24 Јуни 2026
Меморандумот за разбирање од Исламабад меѓу САД и Иран прати „позитивен сигнал“ и треба заеднички да се чува и да се спроведува, порача Кина денес, јавува Анадолу.
Кина „се залага“ за дијалог и преговори во решавањето на регионалните прашања и разликите меѓу страните и „се спротивставува на заканата или употребата на сила“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун, за новинарите во Пекинг.
„Пекинг секогаш застанува зад праведен став и ги поддржува сите напори што придонесуваат за мирот. Ја поддржуваме иранската страна во одбраната на нејзиниот суверенитет, безбедност, територијален интегритет и национално достоинство, како и во унапредувањето на односите со земјите од Персискиот Залив и со другите земји од регионот“, додаде тој.
Иран и САД на 14 јуни објавија дека постигнале договор од 14 точки со посредство на Пакистан, со цел да се стави крај на војната и да се решат нерешените спорови преку дијалог и преговори.
Меморандумот за разбирање стапи на сила на 18 јуни откако електронски го потпишаа иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и американскиот претседател Доналд Трамп.
Договорот вклучува одредби поврзани со ставање крај на војната, вклучително и во Либан, повторно отворање на Ормускиот Теснец и укинување на американската поморска блокада наметната врз Иран.