Tarek Chouiref
06 Октомври 2026•Ажурирано: 06 Октомври 2026
Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани денес вети континуирана поддршка за единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Јемен, како и за напорите за воспоставување мир и стабилност во земјата, пренесува Анадолу.
Пораката била испратена до претседателот на Претседателскиот совет за лидерство, Рашад ал-Алими, како одговор на претходното писмо во врска со билатералните односи и случувањата во Јемен, објави државната новинска агенција САБА.
Шеикот Тамим, исто така, изразил поддршка за стремежите на јеменскиот народ кон безбедност, стабилност и развој, нагласувајќи ја посветеноста на Доха кон зајакнување на односите меѓу двете земји.
Пораката е испратена во време кога јеменските владини сили ја започнаа операцијата „Зора на Јемен“ против Хусите.
Ал-Алими денес изјави дека операцијата има цел повторно да го заземе главниот град Сана и да ги врати државните институции од рацете на Хусите под контрола на Владата.
Владините сили оттогаш соопштија дека напредувале во неколку области, вклучително и во близина на стратегиски важниот теснец Баб ел-Мандеб.
Јемен е во конфликт од 2014 година, кога Хусите го зазедоа главниот град Сана и неколку провинции, што во 2015 година доведе до интервенција на коалицијата предводена од Саудиска Арабија за поддршка на меѓународно признатата влада.
Прекинот на огнот постигнат со посредство на Обединетите нации во 2022 година пропадна во јули, по што борбите повторно ескалираа.