Serdar Dincel
02 Јули 2026•Ажурирано: 02 Јули 2026
Катар соопшти дека индиректните состаноци меѓу американските и иранските делегации во Доха завршиле со „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со Меморандумот за разбирање, пренесува Анадолу.
„Медијаторите Катар и Пакистан денес во Доха завршија со одделните состаноци со американските и иранските преговарачи, со позитивен напредок по прашањата поврзани со Меморандумот за разбирање од Исламабад, врз основа на резултатите од самитот одржан кај езерото Луцерн“, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал Ансари, на американската платформа за социјални медиуми X.
„Страните се согласија да продолжат со дискусиите во наредниот период, а следниот состанок ќе биде закажан што е можно поскоро по погребната церемонија за поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи“, додаде тој.
Хамнеи беше убиен во американско-израелски напад на 28 февруари. Неговата погребна церемонија е закажана за петок.