свет

Катар: Абрахамските спогодби нема да ја решат блискоисточната мировна криза

- Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдул Рахман ал Тани, денеска ја отфрли можноста за решавање на блискоисточната мировна криза преку арапско-израелските договори за нормализација

Serdar Bıtmez  | 13.10.2021 - Обновена : 14.10.2021
Катар: Абрахамските спогодби нема да ја решат блискоисточната мировна криза

ДОХА

Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдул Рахман ал Тани, денеска ја отфрли можноста за решавање на блискоисточната мировна криза преку арапско-израелските договори за нормализација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова се случи на вториот ден од Глобалниот безбедносен форум што се одржа во главниот град на Катар, Доха.

Ал Тани истакна дека регионалниот мировен процес нема никаков хоризонт и затоа Абрахамските спогодби меѓу арапските земји и Израел не можат да придонесат за решавање на кризата.

„Не гледаме перспектива за мировниот процес и затоа веруваме дека Абрахамските спогодби [потпишани од Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан со Израел] не можат да придонесат за решавање на кризата“, рече првиот дипломат.

„Не треба да се фокусираме на нормализација на економијата, а да заборавиме на [израелската] окупација на арапските земји“, додаде тој.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.