Италијанското езеро Гарда и градот Сирмионе привлекуваат туристи со својата живописна убавина
- Најголемото италијанско езеро, Гарда, и понатаму привлекува голем број туристи, а историското гратче Сирмионе се издвојува како едно од најпопуларните дестинации во регионот

СИРМИОНЕ (АА) - Најголемото италијанско езеро, Гарда, и понатаму привлекува голем број туристи, а историското гратче Сирмионе се издвојува како едно од најпопуларните дестинации во регионот, јавува Анадолу.
Сместено на границата на Ломбардија, Венето и Трентино-Алто Адиџе во северна Италија, езерото Гарда е познато по своите кристално чисти води, живописни пејзажи и шармантни крајбрежни села.
Меѓу нив, Сирмионе останува омилен избор како за домашните, така и за странските туристи – во текот на целата година.
Гратчето плени со својата богата историја, термални бањи и средновековна архитектура, што го прави атракција за сите што бараат комбинација од природа и култура.
Неодамнешните снимки направени од воздух ја прикажуваат убавината на езерото и околните области, доловувајќи ја мешавината од природа и наследство што ја дефинира оваа иконска дестинација.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.