Saadet Gökce
15 Септември 2026•Ажурирано: 15 Септември 2026
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи утре ќе престојува во еднодневна посета на Кина, каде што ќе разговара со својот кинески колега Ванг Ји, неколку дена пред посетата на кинескиот претседател Си Ѓинпинг на САД, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Ванг последен пат го прими Арагчи во Пекинг во мај, пред самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Си Ѓинпинг.
Средбата утре ќе биде нивна втора директна средба во кинеската престолнина откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари.
Ванг и Арагчи присуствуваа и на самитот на БРИКС во индискиот главен град Њу Делхи во текот на викендот, каде што беа забележани како водат краток разговор.
САД и Израел во февруари започнаа големи напади врз Иран, при што беа цел владините згради, воените објекти, ракетната инфраструктура и системите за противвоздушна одбрана.
Иран одговори со ракетни напади и напади со беспилотни летала врз Израел и американските бази низ регионот.
Конфликтот оттогаш се прошири низ регионот, додека продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на непријателствата.