Serdar Dincel
13 Јули 2026•Ажурирано: 13 Јули 2026
Иранската војска соопшти дека „не дозволува и нема да дозволи“ САД да се „мешаат“ во управувањето со Ормускиот Теснец, пренесува Анадолу.
„Повторените авантуристички потези на Вашингтон да се меша во управувањето со Ормускиот Теснец сериозно ја загрозија безбедноста на регионот“, се наведува во соопштението на Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“, што го пренесе државниот радиодифузен сервис ИРИБ.
Техеран „ќе се справи строго со секое нарушување и несигурност во преминувањето на комерцијални бродови и танкери од страна на агресивната и бандитска американска Армија надвор од назначената рута на Иран и без дозвола од вооружените сили“, се наведува во соопштението.
Војската, исто така, ги предупреди земјите од регионот да не соработуваат со американската Армија.
Предупредувањето дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп утрово изјави дека Вашингтон веројатно ќе ја преземе контролата врз операциите во Ормускиот Теснец и очекува другите земји да му платат на Вашингтон за заштитата на стратегискиот воден пат.
„Ќе го чуваме. Ќе бидеме платени за неговото чување - многу пари. Сакаме да ни бидат надоместени парите што ги ставаме нашите луѓе во опасност“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.