Serdar Dincel
08 Јуни 2026•Ажурирано: 08 Јуни 2026
Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека Израел започнал „опасна игра“ со извршувањето напади врз цивилни цели и нафтената индустрија, пренесува Анадолу.
Во соопштението што го пренесе државниот јавен сервис ИРИБ, ИРГЦ вели дека пред неколку минути извел ракетен напад врз Хаифа во Северен Израел, како одмазда за израелскиот напад врз петрохемиската компанија Махшахр во Иран, што се случи претходно денес.
Во соопштението се предупредува дека последиците од моменталниот бран на ескалација врз глобалната економија ќе бидат „одговорност на главниот потпалувач на пожар во оваа област - Америка“.
Претходно во текот на денот изведен е израелски воздушен напад врз петрохемиска компанија во Југозападен Иран, предизвикувајќи делумно оштетување на индустрискиот комплекс, соопштија ирански претставници.
Нападот е извршен откако сирени се огласија во неколку градови во Израел, по претходно истреланите ракети од страна на Техеран.
Регионот е во состојба на високи тензии откако САД и Израел започнаа со воздушни напади врз Иран кон крајот на февруари што предизвика иранска одмазда врз Израел и други земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени бази.
Привремен прекин на оган беше постигнат на 8 април, но потоа преговорите беа прекинати поради спорови околу неговото спроведување и последователните регионални случувања.