Serdar Dincel
13 Април 2026•Ажурирај: 13 Април 2026
Најмалку 345 ученици и наставници се убиени во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз Иран што започнаа на 28 февруари, соопшти иранското Министерство за образование, пренесува Анадолу.
Бројот на жртви вклучува 278 ученици и 67 наставници, објави државната радиотелевизија ИРИБ, повикувајќи се на Министерството.
Во нападите се повредени и 196 ученици и 26 образовни работници, се додава во соопштението, истакнувајќи дека 933 училишта, 54 административни објекти, 17 културни центри, 36 спортски сали и осум студентски кампови се оштетени или уништени.
Повеќе од 3.300 лица се убиени во воздушните напади на САД и Израел врз Иран од 28 февруари. Техеран возврати со одмазднички напади врз Израел, Ирак и останатите земји од Персискиот Залив во кои се наоѓаат американски воени капацитети пред да биде објавен двонеделниот прекин на огнот во вторникот.
Иранската и американската делегација ги завршија 21 часовните преговори во Исламабад, Пакистан, рано утро вчера, без да постигнат договор.