Zeynep Hilal Karyağdı
23 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Во нападите до кои дојде во Багдад, главниот град на Ирак, загинаа седуммина, а повредени се 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот на ирачката војска, Насир ел-Ханун, за АА изјави дека во населбата Абу Граиб била активирана експлозивна направа поставена на патот и дека од експлозијата загинале две, а повредени се седум лица.
Ханун додаде дека во населбата Себа Ел-Бур исто така е активирана експлозивна направа поставена на патот, при што загинале две, а ранети се шест лица.
Во експлозиите до кои дојде во местата Ел-Рабија, Ел-Хамисе и Ел-Бејаа загинаа три, а повредени се 11 лица.
Во Багдад често се случуваат судири и бомбашки напади коишто неретко имаат смртни исходи. Ирачките официјални лица тврдат дека зад споменатите напади стојат групи поврзани со терористичката организација ДЕАШ.