Ekip
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ПАРИЗ (АА)- Во рамките на проектот "Ice Watch" на уметникот Олафур Елиасон и Миник Росинг, со цел привлегување на вниманието на климатските промени, пред Пантеон во Париз поставени се 12 делови од глечери тешки 80 тони, што лебдееа низ водите на Гренланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Глечерите се донесени од градот Нук, на Гренланд. Уметникот одлучи да го преземе овој чекор во ова време, кога во Париз се одржува Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP21), на која присуствуваат претставници од најмалку 195 земји од целиот свет.
Како би се долажало влијанието на луѓето на климатските промени, промена на климата, деловите на глечерот ќе бидат изложени на човечкиот фактор и на временските услови во Франција. На минувачите, поради симболичниот приказ на делување на човечкиот фактор на глечерите, дозволено им е да го допираат ледот кој предизвикува уште побрзо топење.
Овие глечери се поставени пред зградата на Пантеон и тука ќе се топат се до крајот на Конференцијата, 11 декември.
Целта на Конфреренцијата да се постигне обврзувачки договор за борбата против климатските промени на глобално ниво, односно за намалувањ на емисијата на штетните гасови који го причинуваат феноменот на стаклена градина.
Постоечките договори во таа област се важечки до 2020 година, па од тоа се очекува лидерите на земјите учеснички да потпишат нови насоки и ветување до кое ќе се придржуваат во наредната деценија.
Рамковниот договор од париската конференција би требало да биде објавен на 9 декември и тоа на шест службени јазици на Обединетите нации.