Serdar Dincel
27 Мај 2026•Ажурирано: 27 Мај 2026
Израелскиот суд се согласи да го откаже закажаното рочиште за денес за сведочењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху во судскиот процес против него за корупција, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Одлуката на судот следуваше по барањето на Нетанјаху да го откаже денешното рочиште, велејќи дека тој бил ангажиран во „безбедносни и дипломатски прашања“, според „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер се соочува со обвиненија за корупција, поткуп и кршење на довербата во три случаи, за кои беа поднесени обвиненија во 2019 година.
Освен обвиненијата за корупција, Нетанјаху е баран од Меѓународниот кривичен суд од 2024 година за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел уби повеќе од 72.000 Палестинци во енклавата во период од две години, почнувајќи од октомври 2023 година.