Serdar Dincel
13 Април 2026•Ажурирај: 13 Април 2026
Договорот за прекин на огнот со Иран би можел да пропадне „за многу кратко време“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешниот состанок на Кабинетот, еден ден по преговорите меѓу Техеран и Вашингтон кои завршија без договор, пренесува Анадолу.
Според Канал 12, Нетанјаху ја изразил поддршката на Тел Авив за блокадата на САД врз иранските пристаништа што стапува на сила денес во 14:00 часот по Гринич.
„Вчера разговарав со потпретседателот Џ.Д. Венс. Тој јасно стави до знаење дека главното прашање е отстранување на целиот збогатен материјал и гаранции дека нема повеќе да има збогатување (ураниум)“, рече тој, наведувајќи дека оваа точка е важна и за Израел.
Нетанјаху истакна дека според договорот со Техеран, САД и Израел ќе ги прекинат своите напади, а „Иранците веднаш да ги отворат премините“.
„Тие не го направија тоа“, нагласи тој.
Вашингтон и Техеран, кои минатата недела се согласија на двонеделен прекин на огнот, одржаа директни преговори во пакистанскиот главен град Исламабад во саботата за ставање крај на војната што започна на 28 февруари. Преговорите, сепак, завршија вчера без постигнување договор.