Serdar Dincel, Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
23 Октомври 2026•Ажурирано: 23 Октомври 2026
Двајца Палестинци се застрелани и убиени од израелската армија утрово, објави израелскиот весник „Хаарец“, пренесува Анадолу.
Палестинците се застрелани во размена на оган со израелските сили, откако наводно отвориле оган врз израелски доселеници во градот Хеброн на Западниот Брег, при што раниле пет лица.
Израелската служба за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“ соопшти дека двајца од ранетите се во критична состојба.
На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледаат моментите кога израелски војници пукаат кон Палестинците.
Израелската армија ги блокирала палестинските села во близина на Хеброн, објави „Хаарец“.
Веста доаѓа во време кога нападите од страна на израелските доселеници и армијата врз Палестинците и нивната земја на окупираниот Западен Брег се зачестија за време на сезоната на берба на маслинки, која започна претходно овој месец.
Според палестински податоци, на Западниот Брег, вклучително и во окупираниот Источен Ерусалим, живеат околу 750.000 израелски доселеници во 194 населби и приближно 400 помали доселенички единици.
Израелските населби изградени на окупирана палестинска земја се сметаат за незаконски според меѓународното право.