Diyar Güldoğan
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Израел и Хезболах се договорија за прекин на огнот што ќе стапи на сила денес во 16 часот по локално време, потврди висок американски официјален претставник за Анадолу.
Официјалниот претставник не соопшти повеќе детали за договорот.
Објавата за прекинот на огнот следуваше по синоќешниот израелски напад врз Либан во кој се убиени најмалку 18 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.
Четворица израелски војници, исто така, беа убиени во напад на Хезболах врз Јужен Либан.