Tayfun Coşkun
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
ЈОСЕМИТИ (АА) - Во американската сојузна држава Калифорнија се наоѓа Националниот парк „Јосемити“, кој е еден од најпопуларните места во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Влезот во Јосемитската Долина чини 35 долари, а секоја година ова место го посетуваат повеќе од 3 милиони лица.
Овој национален парк во 1984 година од страна на УНЕСКО беше ставен на Листата на светското наследство. „Јосемити“ изобилува со прекрасни гранитни карпи, водопади, реки и дрвја.

Националниот парк „Јосемити“ се наоѓа на 240 километри од Сан Франциско и Силиконската Долина, а со своите простори за кампување, привлекува внимание како во зимскиот, така и во летниот период.
Фотографи од сите делови од светот пристигнаа во Националниот парк „Јосемити“, со цел да го фотографираат Црвениот Водопад во кусиот временски период додека трае заоѓањето на Сонцето.
Водопадот Јосемити во овој период од годината, за време на залезот на Сонцето, својата боја ја менува кон црвено, а поради формата која наликува на опаш од коњ, познат е и како Црвен Водопад или водопад Коњска опашка.

Овој природен феномен кој трае само 6 минути, се очекува да заврши на 22 февруари.