Islam Uddin
26 Јуни 2026•Ажурирано: 26 Јуни 2026
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени денес ја погоди јапонската префектура Чиба, потресувајќи ги подрачјата во близина на Токио, но не предизвика издавање на предупредување за цунами, соопштија јапонските власти и Геолошкиот институт на САД, пренесува Анадолу.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 12:46 часот по локално време, со епицентар во префектурата Чиба и на длабочина од околу 50 километри, објави новинската агенција Кјодо.
Земјотресот бил со интензитет од четири степени според јапонската седумстепена скала, а надлежните потврдија дека не постои никаква опасност од појава на цунами.
Геолошкиот институт на САД, исто така, потврди дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени, лоцирајќи го епицентарот на четири километри јужно-југоисточно од Јокошиба, на длабочина од 56 километри
Сѐ уште нема известувања за жртви или за предизвикана позначителна материјална штета.