Elena Teslova
21 Јуни 2024•Ажурирај: 22 Јуни 2024
МОСКВА (АА) - Ерменија денес објави дека ја признала државата Палестина, јавува Анадолу.
„Потврдувајќи ја својата посветеност на меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина“, се вели во соопштението на МНР.
Министерството соопшти дека Ерменија претходно ги поддржала резолуциите на Генералното собрание на ОН кои повикуваат на итен прекин на огнот во Појасот Газа, каде што Израел уби повеќе од 37.000 Палетинци од октомври минатата година.
Исто така, ги осуди израелските напади врз цивилната инфраструктура и насилството врз цивилното население.