Qais Omar Darwesh Omar
17 Јуни 2026•Ажурирано: 17 Јуни 2026
Група израелски доселеници утринава ја запалија женската сала за молитва во џамијата во селото Џилџилија, во централниот дел на окупираниот Западен Брег, а на нејзините ѕидови со спреј испишаа слогани на хебрејски јазик, јавува Анадолу.
Група доселеници упаднаа во селото взори и ја запалија џамијата, соопштија локални извори за Анадолу.
Во пожарот целосно е уништен просторот за молитва на жените, а предизвикана е штета и на надворешниот дел на џамијата, наведуваат изворите.
Тие додаваат дека во последно време во Џилџилија се забележува ескалација на нападите од страна на доселениците.
Минатиот месец доселениците упаднаа во селото и украдоа стадо овци.
Израелската армија и доселениците ги интензивираа нападите врз Палестинците и нивниот имот на окупираниот Западен Брег. Тие ги извршуваат насилствата најчесто преку подметнување пожари, одземање земјиште и спречување на локалните земјоделци да стигнат до своите ниви, особено во подрачјата што се наоѓаат во близина на израелските населби и воени пунктови.
Според официјалните палестински податоци, во израелските напади на Западниот Брег од 8 октомври 2023 година досега загинаа 1.169 Палестинци, а 12.666 се повредени.
Во овој период приведени се околу 23.000 лица, а 33.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.