Fikret Kavğalı,Sude Şahingöklü,Mehmet Sancakzade
27 Мај 2024•Ажурирај: 28 Мај 2024
МЕРСИН (АА) - Според првичните информации, најмалку 10 лица загинале, а 30 се повредени во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила на автопатот Тарсус - Адана - Газиантеп, во турската област Мерсин, известува Анадолу.
Патнички автобус преминал во спротивната лента и удрил во два автомобила и во камион.
По добиеното известување на местото на несреќата се упатиле тимови на итна помош, полиција и противпожарна служба.
Според првичните процени од местото на настанот, во несреќата животот го загубиле 10 лица, а 30 се повредени.
Во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.