Selen Temizer,Mohamad Misto
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (AA) - Во нападите на меѓународната коалиција под водство на САД, врз целите на терористичката организација ДЕАШ во сирискиот град Деир ез-Зор, животот го загубија 50 цивили, претежно деца и жени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, во воздушните, ракетните и артилериските напади на коалицијата извршени во последните 24 часа врз ДЕАШ во подрачјето на Багоз во Деир ез-Зор, смртно настрадаа 50 цивили, претежно деца и жени.
Коалицијата сѐ уште не даде изјава околу тоа.
Во тек се судирите меѓу ДЕАШ и ЈПГ/ПКК кои започнаа пред неколку дена во Багоз.
ЈПГ/ПКК, која е поддржана од САД и Франција, сѐ уште не постигна напредок.
Стотици од илјадници цивили кои се заглавија меѓу двете терористички организации, вчера, додека траеја бомбардирањата, излегоа надвор од подрачјето.
ЈПГ/ПКК, семејствата на припадниците на ДЕАШ ги предаде на коалицијата, додека останатите цивили ги испрати во базата на САД во нафтеното поле Ел Омер.
- Последната состојба во Деир ез-Зор
ЈПГ/ПКК, поддржана од САД и Франција, од 11 септември 2018 година досега, врши напади со цел целосно отстранување на ДЕАШ од Деир ез-Зор.
ДЕАШ моментално покажува присуство само во источното рурално подрачје на градот Деир ез-Зор.
Во местото источно од Еуфрат во Деир ез-Зор се наоѓаат силите на Асадовиот режим.