Amir Latif Arain
29 Октомври 2026•Ажурирано: 29 Октомври 2026
Најмалку девет лица загинаа, а неколкумина се повредени откако експлодира боца со кислород во возило на брза помош во јужен Пакистан, соопшти денес полицијата, јавува Анадолу.
Инцидентот се случи доцна синоќа во локална болница во округот Тарпаркар, во јужната покраина Синд, додека болничкиот персонал подготвувал пациенти за транспорт.
Додека ја поврзувале боцата со кислород во внатрешноста на возилото, таа експлодирала, при што возилото се запалило.
Меѓу загинатите има пациенти и болнички персонал.
Пет лица се здобиле со тешки изгореници.
Надлежните органи започнаа истрага за несреќата.