Mohammad Sıo
28 Април 2026•Ажурирај: 28 Април 2026
Израелската Армија денес соопшти дека двајца војници се повредени откако камиказа дрон изврши напад за време на операции во Либан, јавува Анадолу.
Во военото соопштение се наведува дека инцидентот се случил вчера, при што еден војник е тешко повреден, а друг е полесно повреден „како резултат на напад со камиказа дрон“ за време на оперативни активности во јужен Либан“.
Армијата соопшти дека војниците биле однесени во болница, а нивните семејства биле известени.
Либанското движење Хезболах вчера соопшти дека извршило два напада со беспилотни летала насочени кон израелските војници и воена опрема.
Движењето наведе дека нападите биле извршени како одговор на израелските прекршувања на договорот за прекин на огнот постигнат на почетокот на овој месец, вклучувајќи напади врз јужните села и рушење на куќи.
Повеќе од 2.500 луѓе загинаа, а над 1,6 милиони се раселени од израелските напади низ Либан од 2 март, според официјалните либански бројки.
Десетдневниот прекин на огнот меѓу Либан и Израел стапи на сила на 17 април, а беше продолжен за три недели во четвртокот минатата недела.