Aldıjana Hadzıc
03 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Подводниот „изгубен град” кој научниците го открија во близина на грчкиот остров Закинтос, 2013 година, е всушност последица од истекување на гас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кога нуркачите пред неколку години откриле „колонади и дворови”, мислеле дека станува збор за рушевини на одамна заборавената цивилизација. Меѓутоа, новите истражувања денес покажаа дека просторот настанал како природен геолошки феномен кој се случил пред пет милиони години, јавува британскиот "Telegraph".
Овој феномен е многу редок во плитките води. Научниците открија дека темелите на дворовите и кружните колонади се всушност објекти кои настанале поради истекување на метан од пукнатините на морското дно.