Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Градоначалникот на Сан Диего критикуван по пукањето во џамијата, обвинет за омраза кон муслиманите

- „Ја охрабривте ционистичката пропаганда. И ќе продолжите да го правите тоа сѐ додека тоа ви ги полни проклетите џебови“
Berk Kutay Gökmen
19 Мај 2026•Ажурирај: 19 Мај 2026
Content media
ИСТАНБУЛ

Градоначалникот на Сан Диего, Тод Глорија, беше прекинат и изложен на критики за време на вчерашната прес-конференција, одржана само неколку часа по пукањето во локалната џамија, во кое животот го загубија три лица, јавува Анадолу.

Властите соопштија дека три жртви се убиени во инцидентот што се случи претходно истиот ден во Исламскиот центар во Сан Диего, Калифорнија. Според информациите на органите на прогонот, двајцата осомничени вооружени тинејџери исто така починале како последица на раните од огнено оружје што сами си ги нанеле.

Пред обраќањето на Глорија до јавноста, една жена од присутните во публиката го обвини градоначалникот за нападот, со зборовите дека е „директна последица на неговото раководење“.

„Колку долго веќе ви се обраќаат нашите браќа и сестри муслимани? Мора веќе еднаш да ги сослушате, Тод“, извика таа.

„Ја охрабривте ционистичката пропаганда. И ќе продолжите да го правите тоа сѐ додека тоа ви ги полни проклетите џебови“, додаде жената.

На прес-конференцијата, Глорија изјави: „Во Сан Диего нема место за омразата. Нема место ниту за исламофобијата. Нападот врз кој било жител на Сан Диего е напад врз сите нас, и ние нема да го толерираме тоа“.

news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Израелскиот премиер се појави пред суд по 88. пат во процесот против него за корупција

Израелскиот премиер се појави пред суд по 88. пат во процесот против него за корупција

Следно

САД и Иран разменија повеќе предлози со цел да се избегне натамошен конфликт

САД и Иран разменија повеќе предлози со цел да се избегне натамошен конфликт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција и Гренланд потпишаа писмо за намери за зајакнување на соработката за критични минерали

Началникот на Генералштабот на Армијата на РСМ на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Иран откри детали од најновиот предлог доставен до САД за крај на војната

Турција го одбележува 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк, младите и спортот

Затворен граничниот премин Градишка по уривање на дел од мостот преку Сава, итна седница на Советот на министри на БиХ

Средба Хоџа - Ибрахимовиќ во Тирана: Албанија и Црна Гора изградија вистински модел на регионална соработка

САД и Иран разменија повеќе предлози со цел да се избегне натамошен конфликт

Погледни сè