Ramzi Mahmud
23 Октомври 2026•Ажурирано: 23 Октомври 2026
Еден Палестинец е убиен, а повеќемина се повредени денес во израелски напад во Појасот Газа, во услови на секојдневни прекршувања од страна на Израел на договорот за прекин на огнот, кој е на сила од 10 октомври 2025 година, јавува Анадолу.
Палестинецот е убиен откако израелски дрон го погодил возејќи велосипед на улицата Ал-Куба во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис во јужниот дел на Газа, изјавија за Анадолу медицински извор и локални извори.
Нападот се случи во време кога според Министерството за здравство во Газа, израелските прекршувања на примирјето резултираа со смрт на повеќе од 1.530 Палестинци и ранување на над 5.490.
Од октомври 2023 година, израелската војска има убиено повеќе од 74.000 Палестинци и рането над 175.000 во Газа, додека околу 90 % од цивилната инфраструктура во енклавата е уништена.