Gorana Jakovljevic
10 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
РАБАТ (АА) - Мароканскиот крал Мухамед VI, по земјотресот кој ја потресе оваа земја, прогласи тридневна национална жалост, известува Анадолу.
Освен тоа, кралот ја задолжи владата да формира министерски одбор за програма за обнова на куќите уништени во земјотресот.
Најмалку 2.012 лица загинаа, а 2.059 се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7 степени кој го потресе Мароко, соопшти синоќа мароканското МВР. Меѓу повредените, голем број лица се во критична состојба.
Смртни случаи предизвикани од земјотресот се забележани во повеќе региони, вклучувајќи ги и провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и во градовите Азилал, Уарзазат, Тароудант и Чичауа.
Ова е најсилен земјотрес кој ја погодил оваа северноафриканска земја во последните 100 години, соопшти Националниот институт за геофизика на Мароко.