Elena Teslova
29 Мај 2026•Ажурирај: 29 Мај 2026
Лидерите на земјите членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) го започнаа состанокот на Врховниот евроазиски економски совет со средба зад затворени врати, соопшти Кремљ, пренесува Анадолу.
Настанот се одржува во Палатата на независноста во центарот на главниот град на Казахстан, Астана.
На состанокот учествуваат и претседателите на Белорусија, Казахстан, Киргистан и Русија.
Ерменија ја претставува вицепремиерот Мхер Григорјан, откако премиерот Никол Пашинјан одби да присуствува на самитот на ЕАЕУ, наведувајќи ја како причина изборната кампања во неговата земја.
Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, пред патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Казахстан изјави дека прашањето за учеството на Ерменија во ЕАЕУ и можните последици од нејзиното повлекување ќе бидат во центарот на вниманието на лидерите на земјите од економската унија.
Тој додаде дека покрај итните прашања за соработка, на агендата на самитот на ЕАЕУ се наоѓаат и извештаите за развојот на Унијата, како и плановите за нејзино делување до 2029 година.
Меѓу извештаите ќе има и преглед на регулацијата на активностите на природните монополи и 20-годишната работа на Евроазиската банка за развој.