Ekip
18 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
ЊУ ДЕЛХИ
Специјалниот суд во западна Индија денеска осуди 38 од 49 затвореници на смрт, поради серијата бомбардирања кои го потресоа градот Ахмедабад во 2008 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судот во државата Гуџарат ја објави пресудата по речиси 13 години, а 11 останати ќе продолжат да служат доживотна казна затвор.
Останати 28 други обвинети во случајот се ослободени поради недостиг на докази против нив.
Специјалниот судија А. Р. Пател најави обештетување од 100.000 индиски рупии (1.336 долари) за членовите на семејствата на загинатите во бомбардирањата.
Индиските муџахедини (IM), тогаш непозната организација, ја презеле одговорноста за нападите. Се тврдеше дека бомбардирањата беа планирани и извршени како одмазда за верските протести во државата во 2002 година.
Специјалниот судија изрече 49 пресуди за различни прекршоци, вклучително убиство, бунт и водење војна против државата, како и прекршоци според Законот за незаконски активности (превенција) кој се занимава со тероризам.
Помеѓу осудените се и Сафдар Нагори, поранешен раководител на Студентското исламско движење на Индија (SIMI), Џавед Ахмед и Атикур Реман.
На 26 јули 2008 година беа убини 57 лица, а над 200 беа повредени во најмалку 21 бомбардирање во период од 70 минути на градот Ахмедабад, стопанско-трговскиот центар на индиската држава Гуџарат.
Во Гуџарат, која е родна земја на премиерот Нарендра Моди, во 2002 година имаше верски немири во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе, повеќето муслимани.