Betül Yürük
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Високиот комесар на ОН за човекови права, Зејд Ра'ад ал-Хусеин, изјави дека е загрижувачки порастот на бројот на апсења на мигранти во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Комесарот Хусеин им се обрати на присутните на денешната седница на човекови права на ОН, и во таа пригода истакна дека центрите за регистрација на мигранти во Грција и Италија се претвориле во центри за притвор на овие луѓе.
Посочувајќи дека во центрите опкружени со бодликава жица се држат и деца без старатели, комесарот Хусеин изјави дека е загрижувачки и порастот на антимигрантската реторика во Европа која што води до дискриминација, ксенофобија и на крајот до насилство.
„Во септември минатата година, членките на Европската унија ветија дека од Италија и Грција ќе згрижат 160.000 мигранти. Досега згрижени се помалку од еден процент од тој број”, рече Хусеин.