Michael Sercan Daventry
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ЛОНДОН (АА) - Британија нема да ја отфрли можноста за еднострани напади доколку ООН не се согласат за воена акција против Даеш, рече Дејвид Камерон, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Велика Британија рече дека е подобро да се има поддршка од Советот за безбедност, во напорите да се најде решение за граѓанската војна во Сирија, но изјави дека Русија во неколку наврати се закани дека ќе стави вето на секоја таква резолуција.
Камерон изјави пред парламентот во средата:
„Секогаш е пожелно во овие услови да се има целосна поддршка од Советот за безбедност на Обединетите нации, но морам да кажам дека она што е најважно е дека било каква акција која би ја преземале би била легална и би помогнала да ја заштитиме нашата земја и нашиот народ, токму тука" , рече Камерун.
„Вие не може да, како што реков вчера, делегирате руско вето на одлуките што ни се потребни за задржување на безбедноста на нашата земја“, додаде тој.
Неговите коментари дојдоа откако истражувањата покажаа дека само 15 отсто од британските испитаници веруваат дека Велика Британија треба, како Франција, веднаш да почне со еднострани воздушни напади против Даеш во Сирија.
Според анкетата на Survation спроведена по нападите во Париз, 52 отсто се согласија дека Велика Британија треба да „се ангажира со сите земји во координирање на соодветен одговор, воен или друг, со поддршка на резолуцијата на Обединетите нации“.
Камерон изјави дека прашањето за нападите на Велика Британија „стана сè посилно“ по нападите во Париз и дека тој ќе ја претстави својата стратегија за победа над Даеш пред крајот на ноември.