Hamdi Yıldız
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Главниот палестински судија Махмуд ал Хабаш денес во Ватикан разговараше со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пиетро Паролин, во врска со планот на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Според известувањето на Палестинската новинска агенција „WAFA“ (ВАФА), Хабаш и Паролин разговарале за планот на САД, и порачано е оти се согласуваат дека една таква одлука е неприфатлива.
„Милијарди муслимани и христијани во светот го гледаат Ерусалим како дел од својата вера. Сите тие луѓе отфрлаат какви било политички и демографски промени над Ерусалим“, порача Хабаш.
Кардиналот Паролин истакна дека Ватикан не го прифаќа преместувањето на амбасадата на САД во Ерусалим и признавањето на овој град како главен град на Израел.
„Преместувањето на амбасадата во Ерусалим ќе ги стави светскиот мир и стабилност во голема опасност. Преземањето вакви чекори значи смрт за дводржавното решение и за мировниот процес“, порача Паролин.
Укажувајќи на опасноста од играње со структурата на Ерусалим, Паролин порача дека Ватикан во потполност ја поддржува палестинската администрација предводена од Махмуд Абас.
Ватикан во мај 2015 година официјално ја призна палестинската држава.