İdris Okuducu
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ЕРБИЛ (АА) - Претседателот на курдската самоуправа во северен Ирак, Масуд Барзани изјави дека Турција и Ирак претходно се договориле за влез на турската армија во регионот околу Мосул, во северен Ирак, и дека овој случај е преовеличен, јавува Anadolu Agency(АА).
"Информациите кои ги имаме се дека дека Турција и Ирак имаат претходни договори за влез на турската војска во регионот на Мосул" , соопшти претседателот на курдската самоуправа во северен Ирак, Масуд Барзани.
Тој нагласи дека тој договор е постигнат со цел обука и поддршка на војниците кои ќе бидат вклучени во операцијата за ослободување на Мосул од терористичките организации на ДАЕШ и дека турската војска влегла со договор меѓу двете земји.
"Сметам дека овој случај е преувеличен", изјави Барзани.
Турската армија неодамна објави детали во врска со обуката на курдските сили за борба против ДАЕШ во северен Ирак. Турските сили вчера влегле во Ирак и ги замениле своите колеги кои ја завршија својата смена за обука. Досега, повеќе од 2.500 припадници на силите ја поминаа програмата за обука од страна на турските сили.