Антиисламската реторика на републиканците Трамп и Карсон наиде на остри критики од јавноста во САД
- Остри критики по изјавите на Трамп и Карсон уаптија претставниците на исламските заедници во САД. Од Советот за соработка на муслимани во САД порачуваат дека овие изјави не се само анти-исламски, туку се и антиуставни.Tuğrul Çam
22 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
ВашингтонВАШИНГТОН (АА) - Како дел од кампањата за претседателските избори кои треба да се случат следната година во САД, се поголемо внимание привлекува острата антимуслиманска реторика и противењето на процесот на примање на сириските бегалци од страна на Републиканската партија.
По неодамнешните терористички напади во Париз, каде што загинаа 130 лица, републиканските кандидати за нов претседател на САД започнаа остро да ја критикуваат претходната одлука на администрацијата на претседателот Барак Обама за примање на поголем бројот на сириски бегалци од следната година.
Гувернерите на најмалку 30 американски држави во кои владата има Републиканска партија, најавија дека нема да примаат бегалци од Сирија, поради опасноста дека меќу нив може да има терористи, јавува Anadolu Agency (АА).
Републиканците, кои имаат мнозинство во Конгресот, неодамна во Претставничкиот дом го усвоиja предлог-законот во овој контекст. Целта на усвоениот предлог е донесен за да се спречи влезот на најавените 10.000 сириски бегалци следната година. За негово донесување гласале две третини од членовите, по што Обама нема правото на вето.
Кандидатите на Републиканската партија, која според анкетите имаат најмногу можности да учествуваат на претстојните претседателски избори, Бен Карсон и Доналд Трамп во своите предизборни настапи се повеќе го критикуваат планот за прим на сириските бегалци.
Карсон вели дека терористите како "бесни кучиња," можат да влезат во земјата, со колоната на бегалците, а вниманиетот на јавноста го привлече внимание привлече со изјавата дека нема да ја поддржи кандидатурата на муслиманите во САД, затоа што "Исламот како религија не е во согласност со Уставот на државата."
Паралелно со ова, Трамп, посочи дека муслиманите во САД треба да бидат обележани, наведувајќи го за пример обележувањето на Евреите за време на Втората светска војна. Напоменувајќи дека не треба да се игнорира идеата за затворањето на џамиите, Трамп изјави дека сите муслимани во земјата треба да се регистрираат во посебен регистар.
Џеб Буш и Тед Круз, двајца потенцијални претседателски кандидати на републиканците, сметаат дека од Сирија треба да се примаат само христијанските бегалци.
Остри критики по изјавите на Трамп и Карсон уаптија претставниците на исламските заедници во САД. Од Советот за соработка на муслимани во САД порачуваат дека овие изјави не се само анти-исламски, туку се и антиуставни.