İlayda Çakırtekin
23 Октомври 2026•Ажурирано: 23 Октомври 2026
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерало четворица руски дипломати, објави телевизијата ОРФ, пренесува Анадолу.
Тројца од протераните дипломати биле акредитирани во Руската амбасада во Виена, додека четвртиот бил дел од руската делегација во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Министерството објасни дека дипломатите учествувале во активности што се сметаат за неспојливи со нивниот дипломатски статус. Поради тоа, тие биле прогласени за „персона нон грата“ и морале да ја напуштат земјата, се додава во соопштението.
Иако не даде дополнителни детали за причините за протерувањето, Министерството соопшти дека мерките се засноваат на наоди на безбедносните служби.
Коментирајќи ја одлуката, рускиот заменик-министер за надворешни работи Дмитриј Љубински за државната новинска агенција ТАСС изјави дека Москва „неизбежно“ ќе одговори на протерувањето на дипломатите.